Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски од Прдејци: Ќе продолжиме со изградбата на индустриски зони

Груевски од Прдејци: Ќе продолжиме со изградбата на индустриски зони

И покрај тешката економска криза со огромните напори што ги прави Владата, имаме сериозен напредок во привлекувањето инвестиции како домашни така и странски, изјави премиерот Никола Груевски за врема на поставувањето камен темелник на нова Технолошко-индустриска развојна зона „Гевгелија“, локалитет Прдејци.

Во близина на гегвелиското село Прдејци почна изградба на Технолошко-индустриска развојна зона - Прдејци што треба да овозможи услови за влез на покрупни инвеститори во гевгелискиот регион и нови работни места. Како што појасни премиерот зоната  ќе опфаќа површина од 50 хектари и се наоѓа на десната страна од магистралниот пат Е-75 каде се определни 11 урбанистички блокови за производство, дистрибуција и сервисирање за јавни административни и комерцијални услужни дејности. Покрај зоните во Скопје и Штип, Груевски најави изградба на уште осум слободни индустриски зони чија изградба е зацртана во програмата на Владата.
„Веќе започнаа да се градат зоните во Кичево и Прилеп. Денес започнуваме со оваа зона во Гевгелија, а во следниот период ќе започне изградбата на индустриските зони и во Тетово, Струга, Радовиш, Струмица и Ранковце. Со изградбата на овие технолошко -индустриски развојни зони ќе се создаде терен за нови инвеститори кои ќе изградат нови фабрики и ќе отворат нови работни места во цела Македонија“, додаде премиерот Груевски.

Осврнувајќи се на последниот Извештајот на ИБМ, во кој Македонија е лидер во регионот по новоотворени работни места, Груевски вели  тоа е резултат на добро завршената работа на Владата во македонија, но и на целокупната промција, форумите, роуд шоуа и медиумската кампања низ светот.

Според Груевски, не се случајни резултатите во овој извештајот на ИБМ и не е случајно што по многу долг период Македонија ја премина бројката од 300 илјади невработени и падна на 288 илјади.

„Јас не се сеќавам кога Македонија имала под 300 илјади невработени. Тоа е еден тренд, тоа не е доволно, јас не велам дека тоа е доволно и дека сме ја завршиле работата, но тоа е добар тренд кој треба да продолжи и со изградбата на вакви зони како што е оваа во Гевгелија и уште останатите 14 зони што почнавме да ги градиме или почнуваме во наредните неколку месеци. Тој тренд ќе продолжи, особено откако ќе стивнат последиците и уделот на европската должничка криза бидејќи нашата економија е силно поврзана со европската економија каде што владее силна должничка криза, односно економска криза и рецесија во еврозоната“, изјави Премиерот.

Слично

Поврзани вести