Груевски: Oд никого не сум побарал да купува било што за мене
Eкс премиерот Никола Груевски реагира на денешното сведочење на Александар Ивановски-Алек Теранова во случајот „Плацеви на Водно“, и вели дека не терал никого да купува нешто за него.
Тој е во Унгарија каде доби политички азил, и на Фејсбук реагираше за денешното сведочење.
„Во врска со земјиштето на Водно за кое незаконски сум обвинет и без елементарен доказ, Александар Ивановски потврдил дека со мене немал никаков контакт, но дека во некоја подоцнежна фаза претпоставувал дека станува збор за мое земјиште, па дури и дека лицето кое побарало да посредува со продавачите наводно тоа му го признало во еден момент, но дознав и тоа дека тоа посочено лице од Александар Ивановски подоцна во текот на рочиштето го негирало тоа“, напиша Груевски на Фејсбук.

Тој воедно додава дека имало многу контрадикторни сведочења на Ивановски за ситуации каде, посочува Груевски, воопшто не учествувал.
