Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Од Македонија заминав многу едноставно

Груевски: Од Македонија заминав многу едноставно

Поранешниот премиер, Никола Груевски во вестите на Сител од Будимпешта порача дека oд Македонија заминал многу едноставно во Албанија, се пријавил во унгарската амбасада и побарал политички азил. 

Не откри детали како избегал, вели остава тоа власта да го открие, а додаде дека за патување ја користел личната карта. 

Груевски не кажа прецизно дали заминал легално или илегално. 

Тврди дека власта не му помогнала во никој случај да избега. 

„Власта да ми помогне? Не, власта може друго лошо да ми направи“, рече Груевски. 

Кажа дека од безбедносни причини подобро било да замине. 

Слично

Поврзани вести