Груевски обвини за кражба на гласови
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на прес-конференција им се заблагодари на сите кои гласале за нив и рече дека првиот круг поминал во недемократска атмосфера.
Вели имало убиства, закани, притисоци. Tој обвини за кражба на гласови.
„Се трудеа да влијаат на луѓето и нивната мотивираност. Полицијата беше ставена во партиска функција. Од многу страни добивме информации за директен обид за поткуп на гласачи. Скоро и да немаше ден да нема пријава за некој наш кандидат или градоначалник“ - вели Груевски.
Рече дека изборите не се завршени, а по завршување ќе следи анализа на резултатите.
Сепак не се амнестираше од одговорност како лидер за лошите резултати, но не кажа дали ќе поднесе оставка.
Слично
