Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Новите товарни вагони стигнуваат во јули

Груевски: Новите товарни вагони стигнуваат во јули
До крајот на јули годинава Железницата ќе се поднови со првите 75 нови товарни вагони, најави премиерот Никола Груевски. Преку проектот на Европската банка за обнова и развој Македонија нарача вкупно 150 товарни вагони - 75 затворени и 75 плато-вагони, кои ќе чинат вкупно 13,2 милиони евра. „Првите вагони треба да стигнат во јули, а сите до декември годинава“, изјави премиерот Груевски. Освен ова, Македонија ќе набавува и шест композиции за патничкиот сообраќај, составени од локомотива и вагони за по 1.200 патници.

„Од нив четири се со дизел локомотиви, а две на електричен погон во вредност од околу 24 милиони евра. Постапката за набавка е во тек и се одвива преку ЕБОР со која ја заокруживме финансиската конструкција. Со тоа ќе се замени околу 60 отсто од возниот парк на патничкиот железнички сообраќај во Македонија. Ова е инвестиција која долго време не беше направена во Македонија“, прецизира Груевски.

Договорот со компанија која за околу 18 месеци би ги произвела и доставила шесте нови композиции треба да се склучи во март.

 
Слично

Поврзани вести