Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Никогаш не сум бегал ни во никакви добри или лоши моменти

Груевски: Никогаш не сум бегал ни во никакви добри или лоши моменти

Реакциите на меѓународната заедница за мене беа очекувани после снимките кои излегоа од собранието, излегоа снимки на кои секој би реагирал, тепаат пратеници и народ, меѓутоа кога ќе се погледнат добро фактите ќе се види дека она што се случи е незаконско, нелегално, против уставно и против деловничко да се избере претседател на собрание, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Топ-Тема на телевизија Телма.

„Албанскиот народ, сиот народ што сака да живее во  границите на оваа држава, а не во друга ние сме на негова страна. Ние се бориме да не дојде до реализација на некои радикални структури кои што и на нив ќе им го растурат животот.

-Граѓаните имаат свои секојдневни проблеми, ние правевме се што е во наша моќ да решиме многу од нив и многу решивме. Не постои влада во историјата на Македонија за што за таков период решила толку многу проблеми на граѓаните и инфраструктурни и комунални и отворање на нови работни места и носење на стотици инвестироти кои носеа нови работни места. И решавање на социјални проблеми, зголемување на социјална помош, зголемување од 70 проценти на пензиите, зголемување на платите во администрацијата, но невозможно е се да се реши“ истакна Груевски.

Јас никогаш не сум бегал во никакви добри или лоши моменти, јас често сум патувал и тоа е точно  и економски и политички патувања, некогаш ќе се поклопат тие настани со некои настан кои е значаен во Македонија и веднаш сум наоѓал начин да се вратам тврди првиот човек на ВМРО ДПМНЕ.

-Тоа се случи и лани кога се случија поплавите, јас го прекинав одморот и веднаш се вратив, за да помогнам со моето искуство колку што можам, а инаку кога и да бил некој тежок момент во Македонија јас сум бил тука. Истото се случуваше и со кумановските настани јас тука бев во Македонија и кога се случија настаните кај Смилковското езеро и синоќа бев тука, со авион кој прв полета за кај нас, вели Груевски.

Тој истакна и дека во моменти кога ВМРО-ДПМНЕ имаше 50 пратеници во собранието ги информираше граѓаните дека не може да очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги одбрани интересите на државата и на народот и народот увиде дека треба да си ја брани државата и народот шеесет дена го правеше тоа излезе надвор и шеесет дена како никогаш до сега толку долго и толку интензивно излегуваше и испраќаше пораки дека не се согласува со тоа што го прави Заев и дека тој прави изборна измама и дека тоа не му беше соопштено во текот на кампањата.

Слично

Поврзани вести