Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски нема да ужива повеќе во имунитетот, ама платата ќе му легнува на сметка

Груевски нема да ужива повеќе во имунитетот, ама платата ќе му легнува на сметка

И официјално пратеникот во бегство Никола Груевски повеќе нема да ужива во пратеничкиот имунитет.

62 пратеника беа „за“ одземање на имунитетот на Груевски на пленарната седница, без расправа.

Препораката од надлежната комисија беше прифатена а сопартијците на бегалецот и пратеници од ВМРО ДПМНЕ не присуствуваа на седницата .

Тие не беа дел ниту од седницата на која претходно Комисијата за мандатно-имунитетски прашања одлучи да предложи одземање на имунитетот на Груевски.

Сепак, Груевски го има мандатот со кој пратеникот стекнува права и должности утврдени со Уставот, закон, Деловникот на Собранието и со други прописи и општи акти. Пратеникот не може да биде отповикан од функцијата, но може да му престане или да му биде одземен мандатот пред истекот на времето за кое е избран.

На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран: ако поднесе оставка; ако е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години; ако настапи случај на неспојливост со функцијата пратеник; ако му престане државјанството на Република Македонија; ако со правосилно решение биде лишен од деловната способност и во случај на смрт. На пратеникот може да му биде одземен мандатот, кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци. 

Груевски е осуден на две години затвор поради купување на блиндираниот мерцедес за потребите на владата, а против него се покренати уште три судски постапки, кои , како што одлучи судот . ќе продолжат а одлуката ќе биде донесена во отсуство.

Што велат Одредбите од Уставот и Деловникот на Собранието на РМ за имунитетот на пратениците

Во членот 64 од Уставот на Република Македонија е пропишано дека пратениците уживаат имунитет. Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.

Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.

Во врска со имунитетот на пратениците во собранискиот Деловник, поконкретно во членот 53 од Деловникот, се пропишува дека пратеникот ужива имунитет од денот на верификацијата до денот на престанокот на мандатот.

Согласно со Уставот, пратениците уживаат два вида имунитет: неодговорност на пратеникот (материјален или суштински имунитет) и неповредливост на пратеникот (процедурален имунитет). Заедно, овие два вида имунитет ја обезбедуваат слободата на пратеникот во вршењето на пратеничката функција и независноста на претставничкото тело во вршењето на законодавната власт. 

Неодговорноста на пратеникот значи неможност пратеникот да биде повикан на кривична или друга одговорност, или да биде притворен за искажано мислење, или за гласање на седниците на Собранието или на неговите работни тела. 

Слично

Поврзани вести