Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски нема да се појави на митингот

Груевски нема да се појави на митингот

Почесниот претседател на најголемата опозициска партија, Никола Груевски, нема да зборува ниту на претстојниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ, закажан за 2 јуни во 20 часот пред седиштето на Владата, објави „Независен“. 

Единствен говорник пред присутните ќе биде актуелниот лидер Христијан Мицкоски кој, меѓу другото, ќе побара предвремени парламентарни избори и паѓање на Владата. Се очекуваат десетици илјади граѓани од целата земја, ќе има организиран превоз од градовите во внатрешноста, а поддршка се бара и од неопределените и разочараните гласачи на СДСМ, кои една година по смената на власта сметаат дека се излажани и дека од предизборните ветувања нема ништо. 

Под мотото „Македонија ќе победи“, ќе се протестира за, како што се тврди, неспроведените реформи, за уништувањето на економијата и лицитацијата со националните интереси. По митингот, најавени се голем број теренски активности и средби со населението, но во ниту една од нив не е предвидено активно учество на Груевски.

Слично

Поврзани вести