Груевски нема да може да оди на гости кај Орбан
Првиот опозиционер Никола Груевски и понатаму останува без пасош.
Ова е исходот од денешната одлука на Апелационен суд кој го одби лидерот на ВМРО ДПМНЕ .
Груевски бараше да му се врати патната исправа поради патување надвор од државата.
Како што образложи тој, мотив за барањето за враќање на пасошот била поканата за средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан која одбраната вчера и ја приложиле на обвинителката Лиле Стефанова.
Никола Груевски е осомничен во случајот „Титаник“ на СЈО каде заедно со други сопартијци и екс министри е прв осомничен.
Слично
