Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски нема да добие плус 20 бодигарди

Груевски нема да добие плус 20 бодигарди

Екс премиерот пред четири месеци во МВР поднел барање за дополнително обезбедување, но сепак нема да ги добие бараните 20 бодигарди.

Како што објавија неодамна  медиумите, Груевски го барал обезбедувањето наводно бидејќи добивал бројни закани во изминатиот временски период.

Министерот Спасовски потенцираше дека по направените анализи и проценки и со оглед на тоа дека неговото актуелно обезбедување од шест луѓе не пријавило никакви закани досега кон него и неговото семејство е оценето дека барањето не треба да се прифати.

Како што се пишуваше освен заканите, Груевски во барањето посочил и дека во моментов, но и во иднина ќе има исклучително интензивен политички ангажман во својство на пратеник, па поради тоа бара министерот да му одобри најмалку 20 лични обезбедувачи.

Слично

Поврзани вести