Груевски: Нема да барам амнестија, не гласам за промена на Уставот
Пред околу еден месец јас ја искоментирав одлуката за случајот „Тенк“, односно уште тогаш кажав дека ќе биде донесена одлука под политички притисок. Апелационите судии беа под политички притисок. Овој случај беше класичен политички прогон против мене бидејќи ме обвинија дека сум влијаел да се купи автомобил во кој ќе се возат други, а понекогаш и јас, рече поранешниот премиер Никола Груевски за кого денеска Апелациониот суд ја потврди двегодишната затворска казна.
Рече дека ќе ги искористи сите правни лекови против одлуката на Апелација.
Вели сепак дека нема да разговара за сопствен спас, за амнестија, ниту пак ќе гласа за уставни измени.
-Никогаш нема да гласам за уставни измени, никогаш нема да го изневерам овој народ, рече Груевски.
фото: Фокус