Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски не верува дека „исчезнала“ Тиранската платформа

Груевски не верува дека „исчезнала“ Тиранската платформа

Без оглед што Зоран Заев формално поднесе писмени гаранции за унитарноста до претседателот Иванов по што го доби мандатот, Груевски не верува дека т.н. Тиранска платформа не „исчезнала“.

– Уште кога Заев ги даде гаранциите и кога го потпиша оној документ со кој се обврза дека нема да ја прифати тиранската платформа јас оставив една резерва знаејќи го неговиот карактер и обичај честопати да ги менува своите изјави и ставови, претпладне да кажува едно, а попладне друго, така што треба будно да се следи особено откако почнаа да ги даваат изјавите другите негови партнери како што е Зијадин Села, како што е партијата ДУИ, коишто јасно и гласно кажуваат дека тиранската платформа ќе се реализира, изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања при увидот на активностите за реализација на проекти во Демир Капија.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, реакцијата на граѓаните со осудмесетдневните мирни протести низ улиците била оправдана. Луѓето, потенцираше Груевски, почувствуваа дека се подготвуваат работи што не се добри за иднината на Македонија.

Слично

Поврзани вести