Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Не се повлекувам, ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе се реорганизира

Груевски: Не се повлекувам, ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе се реорганизира

Никола Груевски во интервју за телевизија Алфа посочи дека нема намера да си поднесе оставка како претседател на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи иако не успеал да формира влада сепак, продолжил со победите на изборите.

- Претстои период во кој што ние целосно ќе се реорганизираме, ќе се освежиме со нови кадри, ќе ги реорганизираме и нашите општински комитети, месните комитети, Извршниот комитет. Ќе се преструктуираме во секој поглед и ќе бидеме одговорна и силна опозиција која брзо ќе се врати на власт, рече Груевски.

Груевски повтори дека нема намера да се повлекува од лидерската позиција бидејќи е човек кој е победник на овие избори и човек кој што ја доби довербата од најголем број од граѓаните и превзема одговорност за понатаму.

- Крајот на овој месец истекува и мандатот на ИК, така што некаде во јули ќе има нов Извршен комитет, веројатно тоа ќе биде и добра можност да се промовираат и некои нови личности кои ќе влезат во ИК и кои што со нова енергија ќе помогнат понатаму во зацврстување на ВМРО-ДПМНЕ и забрзување на успехот, а тоа евраќање на власт на ВМРО-ДПМНЕ и предводење на Македонија со уште посилна динамика и посилни реформи напред кон подобар живот, подобар квалитет на живот, повисоки плати и сите стратешки цели кои ги има Македонија, меѓу кои што е Европската Унија, рече Груевски.


Слично

Поврзани вести