Груевски не откри политички ништо ново, но затоа најави нова инвестиција
Никола Груевски имаше прилично комотно интервју вчера за ТВ Нова во која беше доста ноншалантен во своите политички ставови, смирен, прецизен, оптимист и речиси невиновен за никаква улога во политичката криза од негова страна.
Секако, продолжија стандардните квалификации дека постои меѓународен заговор тој да биде тргнат од премиерската позиција во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ значително ослабена од Сорос преку огромната негативна кампања.

Водителката и главен уредник на ТВ Нова Билјана Василева Трендафилова можеше и слободно да не доаѓа на ова интервју и да му отстапи на Груевски 60 минутен политички монолог бидејќи практично и да не му поставуваше прашања, повеќе имаше констатирање на неговите изјави во стилот, Ха да СЈО е виновно и не се обиде да извлече од него суштински одговори за улогата на ВМРО-ДПМНЕ во креирање и заострување на политичката криза, најавите за црни сценарија доколку не се одржи на власт, влошувањето на меѓумакедонските односи со листи на предавници и тежок говор на омраза.
И да Груевски во целата сериозност на политичкиот момент не пропушти да најави нова странска инвестиција, а и во вакви тешки денови сепак, се водат преговори со многу странски компании.
