Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски не е бугарски државјанин, нема таков пасош

Груевски не е бугарски државјанин, нема таков пасош

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема бугарски пасош.

Ова беше објавено од страна на Министерството за правда на соседна Бугарија за медиумските пишувања дека Никола Груевски избегал во Унгарија со бугарски пасош.

„Никола Груевски не е бугарски државјанин и не вадел документи за бугарско државјанство. Според податоците на МВР Груевски нема издаден бугарски пасош“, соопштија од министерството на соседна Бугарија.

Според унгарски весник Никола Груевски, веројатно избегал во Унгарија со бугарски пасош.

„Проверете кај бугарските власти“ беше одговорот на член на унгарската влада, која се занимава со политичкиот азил на Груевски.

Претходно, властите во Будимпешта потврдија дека Груевски побара политички азил во Унгарија.

Од друга страна, македонскиот премиер Зоран Заев го повика Груевски да се врати во Скопје.

Од летото 2017 година, поранешниот премиер нема пасош и му е забрането да ја напушти Македонија. Груевски е осуден на две години затвор во случајот "Тенк" за купување на луксузниот мерцедес за 650.000 евра.



Фото/архива: Reuters

Слично

Поврзани вести