Груевски: Насилството не е решение, да се смират страстите
Никола Груевски повикува на присебност.
На социјалната мрежа Фејсбук првиот човек на ВМРО ДПМНЕ кој денеска не беше во Собрание и не присуствуваше на седницата на која беше избран Талат Џафери за нов спикер и претседател на Собранието, Груевски пишува дека ВМРО ДПМНЕ ќе се спротивстави на антидржавните постапки на СДСМ.
„Насилството не е решение и потребно е смирување на страстите. Повикувам на присебност. Народот да не подлегнува на провокациите на СДС и оние кои сакаат да ја втурнат државата во уште подлабока криза и да го исполнат нивното сценарио. Потребно е смирување на страстите. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротистави на овие антидржвани постапки на СДС преку правни и политички демократски средства“, пишува лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
