ГРУЕВСКИ: НАРОДОТ ВЕЌЕ НИКОМУ НИШТО НЕ ВЕРУВА - Политиката и политичките дискусии се сведени на „дневна занимација“
Поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега и побара азил во Унгарија, денеска со нов пост се осврна на случувањата во земјава, алудирајќи на тоа дека поради политичкото влијание во последниве шест години граѓаните помасовно ја напуштаат земајта.
Неговиот пост започнува со прашањето „Каква држава стана Македонија?!“
- Ако власта толку често не смислува и спроведува политички мотивирани прогони, апсења на луѓе без вина неистомисленици од политиката или бизнисот, ако не создава инструирани и нарачани истраги, лажни обвиненија, издиктирани од политичароте на власта судски пресуди до контролираните судии за нивните политички опоненти, па потоа некој го внеле во затвор, па како му е во затворот, па го пуштиле на викенд, му заплениле некаков имот, му земале пасош, притвор, судења, рочишта, извештаи на медиумите од тие рочишта, анализи на божемни независни аналитичари, а всушност партиски полтрони, разни и секојдневни шпекулации во врска со сѐ ова, прес конференции на партиите или преставници на правосудните органи околу ова, итн итн. ако не измисоат и направат вакви главно неправди, во Македонија нема ниту значајни, ниту позитивни интересни вести или успеси на власта, нема сериозни случувања, нема како и со што медиумски да ги покријат деновите, месеците и годините на општо незадоволство на народот, секојдневните неправди, неработење на функционерите, огромна корупција и невиден криминал и проневери, погрешно донесени одлуки, предавства на национален интерес само за да се добие нечија наклоност однадвор, вртоглавиот раст на цените, осиромашувањето и тешката економска состојба, не функционирањето на институциите и хаосот и неодговорноста во нив, злоупотребите на власта, протестите на синдикатите, критиките на меѓународната заедница, секојдневните скандали, византиските игри внатре помеѓу самите кланови во партијата главно мотивирани за повеќе моќ и пари, огромното иселување на луѓето од Македонија, безнадежноста на народот кој останал и.т.н. - пишува Груевски.
И овој пат, поранешниот премиер, за разлика од времето кога беше премиер, напиша навистна долг пост.
- Националниот сон е скршен, а духот спуштен.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
