Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски најави: Во Центар уште ќе се гради

Груевски најави: Во Центар уште ќе се гради

На синоќешниот митинг пред жителите на општина Центар лидерот на владеачката партија Никола Груевски најави дека градежната експанзија ќе продолжи и по изборите доколку ВМРО-ДПМНЕ остане на власт.

Груевски во Центар рече дека општината добила многу инвестиции кои им служат на луѓето кои живеат во Центар, но и на сите кои гравитираат тука.

„Се изградија канти гаражи, претходно Скопје беше претрупано со автомобили, сега полека културата се менува и луѓето се почесто ги користат катните гаражи, а цената е пристапна. Во соработка со Скопје се реконструираа булевари: „Илинден“, „Теодосиј Гологанов,“ се инвестираа над 650 мил денари а се изгради кружен тек кај Католичка црква. Ја изградивме арената Филип II Македонски со 32.500 седишта и инвестиција од 40 милиони евра. Се изгради жичарница од Средно водно. Се реновираа училишта, се изградија спортски сали, се реновираа клиники. Се отрови читалната 1000 книги, ги изградивме нови објекти за Археолошкиот музеј, како и Музејот на македонската борба и самостојност, Спомен куќа на Мајка Тереза. Нов објект на МНТ кој е возобновување на старата градба. Се изградија нови објекти на МНР, Јавното обвинителство, Министерството за финансии кои претходно беа во згради каде се плаќаа кирии. Се изгради Јавна соба, за креативните“, рече Груевски.

Тој најави дека во Општина Центар се предвидува изградба на три нови подземни сообраќајници, инвестицијата е во вредност од 100 милиони евра, потоа ќе се изградат 245 километри мрежа за дистрибутивни цевки за гас само во Скопје, ќе се изградат нови градинки, ќе се инвестира во факултетите, ќе се изгради нов факултет.

„Ќе се возобнови старата учителска школа, предвидуваме градба на нов објект за театар Комедија, ќе се реконструираат Албанскиот и Турскиот театар, ќе се отвори и новата филхармониска сала. Ќе изградиме две нови спортски сали, ќе изградиме 9 тениски игралишта во Центар, како и фудбалски и кошаркарски игралишта. Се предвидува и нова сала за свечени моменти, ќе имам и голема мултифункционална библиотека“, рече Груевски.

Тој исто така потенцираше дека ќе се изгради и новиот студентски дом „Медицинар“ ќе се изврши реконструкција на скопското Кале, ќе се обноват фасадите во старата скопска чаршија.

Слично

Поврзани вести