Груевски најави проекти вредни 65 милиони евра
Груевски за наредниот период најави повеќе проекти, чија вредност изнесува над 65 милиони евра. Изградба на далновод меѓу Македонија и Србија, како и меѓу Македонија и Албанија на трасата Битола – Елбасан, реконструкција на далноводот Скопје – Тетово, изградба далновод од трафостаница „Битола 3“ до трафостаница „Битола 4“, изградба на далвновод од хидроцентрала „Вруток“ до трафостаница „Полог“ и трафостаница „Тетово“, како и доопремување и осовременување на четири трафостаници во мрежата на МЕПСО.
Ова Груевски го најави на пуштањето во употреба на новата 110 киловолтна разводна постројка во општина Петровец, која е директно е поврзана со националниот електроенергетски систем.
Според генералниот директор на МЕПСО Спасов, во континуитет вложува во одржувањето,надградбата и во модернизацијата на преносната мрежа.
Се очекува со неа да се решат проблемите со електроснабдувањето во Петровец. Таа е инвестиција на МЕПСО и чини околу еден милион евра.
Слично
