Насилството во Центар и денес ќе го седне Груевски на обвинителна клупа
Екс премиерот денес ќе седне на обвинителна клупа за случајот со нарачаните шамари во општина Центар.
Рочиштето досега се одложуваше неколку пати поради разни изговори поврзани со предметот кој последен пат заврши во Апелацискиот суд но и во Врховен.
Никола Груевски, Миле Јанакиевски, Даниела Рангелова и други членови на ВМРО-ДПМНЕ се меѓу осомничените во овој случај.
Почетните расправи се водеа на жесток начин, а специјалните обвинителки цврсто ги бранеа нивните права пред лицето на Груевски и судијките кои ги водеа расправите.
Според обвинението, првообвинетиот Груевски со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината.
