Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: На конгресот на СДСМ гледаме луѓе препознатливи по корупција, криминал

Груевски: На конгресот на СДСМ гледаме луѓе препознатливи по корупција, криминал

На конгресот на СДСМ гледаме луѓе препознатливи по корупција, криминал, по лажни информации и лажни ветувања, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. 

„Ги гледаме горе-долу истите луѓе коишто ги препознаваме од нивното владеење, по корупција, по криминал, по неработење, по лажни ветувања, по манипулации, по лажни информации, обвинувања на противникот, наместо фокус и концентрација на нови проекти, на нешто што ќе го подобри животот на народот – фокус и концентрација на противникот, на опонентите, да ги оцрнат, да фрлат лаги врз нив и невистини“ – изјави Груевски.

Според него, СДСМ секогаш кога доаѓале на власт ветувале реформи, но рече дека никој не се сеќава на ниту една реформа од СДСМ.

Слично

Поврзани вести