Груевски на Фејсбук се пофали со нова инвестиција во Тетовско
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на социјалните мрежи најавува нови инвестиции.
Како што пишува германската компанија која произведува седишта за автобуси и возови во Европа „Franz Kiel GmbH“ ќе започне со работа во Желино, Тетовско
Инвестицијата според тврдењата на екс премиерот ќе се реализира во три фази. Првата фаза ке се реализира веќе во јуни оваа година во адаптиран објект во Желино, Тетовско со производство наменето за потребите на Ван Хул, со што првично е планирано да се креираат 60 нови работни места.
Во следните фази предвидено е да се произведуваат делови за седишта и седишта за автобуси и возови кои што ќе се пласираат во Европа, Азија, Америка и други локации во светот, а планирано е да се отворат вкупно 250 нови работни места.
Според Груевски ова е важна инвестиција особено што доаѓа во еден исклучително турбулентен период.
„Ние дури и во овие моменти продолжуваме да се бориме и да обезбедиме инвестиции.
Наместо спроведување на платформи од туѓи држави, нови инвестиции за сигурност, извесна иднина и нова надеж за граѓаните“, пишува лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
