Груевски на Фејсбук обвини за диктатура
Во демократско општество владеењето на мнозинството доколку не се заснова врз начелото на владеење на правото, всушност преставува и се нарекува „Диктатура“, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Фејсбук.
Според него, ниедна демократска влада во светот несмее да биде избрана со кршење на начелото на владеење на правото. Вели дека тоа во старт претставува диктатура.
„Талат Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието со брутално кршење на Уставот, законот и Деловникот на Собранието. Се што во иднина би се донело со негово учество, потпис или било каква активност, ќе биде плод на затруено дрво, ќе биде плод на диктаторски акт за назначување на Претседател на Собрание. Многу диктаторски влади биле признати од демократски системи, од една или друга причина.

Вели дека оа нема да ја смени сликата. Ниту пак дека имале мнозинство, за кое немаше ниту запис, броење, стенограм и слично, за противзаконскиот и противуставен акт, пишува Груевски.
