Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски му се лути на судот оти брзо ги закажува случаите во кои тој е обвинет

Груевски му се лути на судот оти брзо ги закажува случаите во кои тој е обвинет

Низа обвинувања за протекционизам во судството испрати првиот опозиционер до судот по денешното рочиште за случајот со насилствата во општина Центар каде е прв обвинет токму тој.

Никола Груевски откако беше искаран од специјалната обвинителка Фатиме Фетаи за доцнењето на рочиштето, се пожали дека судот многу брзо и со набиена агенда ги закажува рочиштата во кои тој мора да биде на судење, додека случаите во кои е обвинет премиерот се одложуваат и чекаат со месеци.

„Судот, за случаите во кои се обвинети членови на ВМРО-ДПМНЕ, рочиштата ги закажува на два-три дена, со набиена агенда, додека случаите за кои е обвинет Зоран Заев се чека со месеци, што укажува на протекционизам“, посочи Груевски.

Лидерот на ВМРО ДПМЕН не сакаше да дава коментари за вчерашната средба кај претседателот Иванов каде беше на средба со премиерот Заев, но она што го кажа е дека неговата партија по последните притвори за пратеници нема донесена одлука за напуштање на Собранието.

Слично

Поврзани вести