Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Моите четири пиштоли се со дозвола издадена од МВР

Груевски: Моите четири пиштоли се со дозвола издадена од МВР

Eкс премиерот Никола Груевски денеска од Будимпешта се јави со нов статус на Фејсбук, во кој дава објаснување за пронајдените четири пиштоли во неговиот дом. 

Вели дека за пиштолите имал дозвола од полицијата. Тврди дека е лажна вест дека поседувал пиштол без дозвола. 

„Моите четири пиштоли се со дозвола издадена од МВР и на местото каде можеле да ги пронајдат беше и дозволата за нив. Таа дозвола беше важечка во моментот кога заминав од Македонија со цел да побарам политички азил заради политичкиот прогон на власта. Подоцна, по моето заминување можеби рокот на дозволата истекол, но јас не сум во Македонија и не сум во можност да барам продолжување на рокот на дозволата за оружјето. Оружјето заедно со дозволата и муницијата со документи за набавка на истата, пред се за случајно да не дојдат во раце на децата, беа сместени во мал заклучен сеф, користен само за тоа, така што никој друг не можеше да има пристап до истото. Десетици други наслови со лажни вести во режимските медиуми само ми потврдија дека политичкиот прогон и хајката кон мене не само што не запреле туку добиле на интензитет“, пишува Груевски.

Во вчерашниот претрес по налог на Јавното обвинителство во стан во Скопје на поранешниот премиер Никола Груевски, било пронајдено и одземено оружје, потврдуваат за ТВ 24 извори блиски на истрагата.

По наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, вчера биле вршени претреси во рамки на истрагата за случајот „Плацевите на Водно“. Претрес бил направен во зградата на Бихаќка, каде што живееше Груевски.

Слично

Поврзани вести