Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: „Луково Поле“ не е штетен проект

Груевски: „Луково Поле“ не е штетен проект
Македонската Влада никогаш не би направила проект кој ќе направи штета на граѓаните на Македонија или на соседите, вели премиерот Никола Груевски, коментирајќи ги реакциите за проектот „Луково Поле“ за изградба на на хидроцентрала во близина на македонско-албанската граница.

„Би сакал да упатам порака до луѓето што живеат во овој крај да бидат мирни  дека оваа Влада не работи каков било проект што може да наштети на граѓаните и на животната средина и никогаш  не работела така досега. И да знаат дека ние стоиме зад нив, а не оние шпекуланти коишто гледаат од овој  проект да извлечат некаква  политичка корист  и ги подбуцнуваат да веруваат дека со овој проект ќе се направи некаква штета“, изјави Груевски.

Тој појасни дека проектот се работи заедно со Светската банка, која подготвува и еколошки проект што ќе ги покаже предностите и евентуалните слабости. Дури потоа ќе се донесе дефинитивната одлука.

„ Само ако проектот покаже дека нема некои посериозни штети за природата, за животната средина, за граѓаните, во таков  случај ќе се оди понатаму и проектот ќе се реализира“, вели Груевски и додава дека во спротивно, ниту Светска банка нема да се нафати да ја финансира изградбата на хидроцентралата.
Слично

Поврзани вести