Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Кристално јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи

Груевски: Кристално јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва од Гостивар порача дека кристално јасно е дека на изборите ќе победи неговата коалиција. 

Вели дека работеле за народот и граѓаните. 

„Прв пат во историјата на Македонија се покажа дека некој може да ја намалува невработеноста и да отвара нови работни места за Македонците, Албанците, Србите, Власите, Турците, Бошњаците и сите останати. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи затоа што покажа како треба да се надградува здравството и образованието, а извозот лани нарасна. Кога светската економска криза дивееше насекаде низ светот оваа влада се грижеше за компаниите“ - рече Груевски. 

Влатко Ѓорчев, носител на листа во ИЕ 6  од ВМРО-ДПМНЕ пред гостиварчани рече дека деновиве ги слушнале проблемите од граѓаните. 

„Што е пораката од граѓаните? Да имаме мир, безбедност, стабилност. Доста беа Пучеви, Шарени револуции. Нам ни треба стабилен Балкан поблиску до Европа“ - рече Ѓорчев. 

Тој вели дека ќе се залагаат за напредок за сите заедници. Ѓорчев рече дека ова е најголема коалиција во историјата на Македонија. Тој кажа дека граѓаните не се сложуваат со концептот на СДСМ и дека ќе ги одбранат идеалите од 11 октомври. 

Вели дека ќе победат не само во Гостивар, туку и во Маврово-Ростуше и Дебар. 

Во Гостивар се обрати и Џузепе Галати, пратеник од Италија кој на Македонија и посака влез во ЕУ. 

Слично

Поврзани вести