Груевски: Компанија од САД во Македонија ќе произведува канабис за медицински цели
На социјалните мрежи екс премиерот најавува нова инвестиција и 200 работни места.
Никола Груевски на Фејсбук пишува дека политичката криза нема да ги поколеба да се откажат од борбата за подобар живот на граѓаните.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ најави влез на компанија од медицинската индустрија.
Тој пишува дека компанијата од САД која во Македонија ќе дејствува како „NYSK Holding“, ќе се занимава со одгледување и производство на канабис за медицински цели, а планот е да вработат 200 вработени .
Инвестицијата ќе се развива во наредните 5 години а веќе е земен браунфилд објект во фабриката ОХИС некаде околу 2000 m2 кој го адаптирале за своите бизнис цели.
Главни пазари на кои ќе се извезуваат продуктите од оваа компанија се ЕУ, пред се Германија и Италија, како и Југоисточна Европа.
