Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски ќе се памети по зголемен долг за 2,5 милијарди евра

Груевски ќе се памети по зголемен долг за 2,5 милијарди евра

Од економските политики на екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски можеби сите најмногу ќе ги паметат зголемените субвенции, пензии и социјални трансфери, но тој ќе остане и запаметен како премиер кој за речиси 10 години власт тројно го зголемил државниот долг за дополнителни дури 2,5 милијарди евра.

Никола Груевски, најдолговечниот премиер на Република Македонија, овој викенд по многу усилија, перипетии, притисоци натегања ја напушти македонската политичка сцена. Стана политички пензионер со плакета – почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски како политичар одбележа една деценија владеење и тоа од летото 2006 година, па до декември 2017 година кога даде оставка од претседателското место во ВМРО-ДПМНЕ. Претходно под голем и континуиран притисок на претставници на меѓународната заедница во 2015 година ја напушти премиерската фотеља, но и понатаму ги влечеше сите конци во Владата и Собранието се до пролетта годинава. Маркантен лик кој одбележа една македонска деценија во која влезе како полетен технократ со многу успешни реформи во економско-финансиската сфера, а ја заврши кариерата, според многумина јавни личности, како диктатор и автократ.

Што имаме во наследство од Груевски?

Официјалните податоци на Министерството за финансии покажуваат дека државниот долг на крајот на првиот квартал, кратко пред Груевски да ја изгуби власта, изнесувал 3.889 милијарди евра! Највисок државен долг во историјата на независна Република Македонија.

Ова е резултат на политиките и сувереното владеење на човекот кој што во многу наврати себеси се претставуваше како патриот кој секогаш стои на браникот на татковината и ги брани нејзините интереси. 

Само за споредба, според достапните податоци државниот долг во првиот квартал 2008 година (за помалку од година и половина од владеењето на Никола Груевски) бил на ниво од 1,378 милијарди евра. Воедно тоа е и почетниот период од кој има јавно објавени податоци за нивото на државниот долг. Во деценијата на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски државниот долг (заклучно со крајот на март годинава) пораснал за 2,511 милијарди евра!

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести