Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Ќе пристапиме кон преговори за коалиција

Груевски: Ќе пристапиме кон преговори за коалиција

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изјави дека ќе почне преговори што поскоро да се формира Влада, откако ДИК синоќа ја објави симулацијата на освоени мандати. 

Вели дека мора да продолжат да работат за напредок на економијата, да продолжат на патот на ЕУ и НАТО. 

„Имаме и честитки од високи претставници на Европската комисија кои ја честита победата и од опозицијата побараа да биде активна, а од нас да формираме влада. Ние секако ќе пристапиме кон преговори за коалиција, преговори за формирање Влада и конечно треба да создадеме услови кризата во Република Македонија да заврши, народот тоа го очекува, тоа го бара од нас, преку глава му е од кризата и од сите оние што ја правеа оваа криза“- кажа Груевски.

Груевски додаде дека СДСМ треба да престане со обидите за омраза и гнев меѓу различните етнички заедници.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ освои 51, а СДСМ 49 мандати. 



Слично

Поврзани вести