Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски ќе ја има честа да ја испее химната на Гумење овој Илинден

Груевски ќе ја има честа да ја испее химната на Гумење овој Илинден

Неколку дена ја делат Македонија од прославата на празникот Илинден.

Државата се подготвува за цермонијата а честа да ја изведе химната на свеченото отворање на Гумење кое ќе биде на 1 август му припадна на оперскиот пејач Влатко Груевски кој ќе ја пее химната и на 2 август на Мечкин камен.

Груевски е вработен во Македонската Опера и Балет a одржува свои солистички концерти скоро низ сите градови низ Македонија. 

Настапувал низ повеќе градови во странство a учествувал и на голем број свечености организирани од високите органи на државата, Влада, Собрание, МАНУ и тн., како и на скоро сите свечености организирани од сите факултети на УКИМ. Настапувал и со голем број диригенти, како и оркестрите на ФМУ и МОБ. Од големо значење е неговата соработка со неговиот пијанист и менаџер Андреј Наунов, со кого работи на неговата кариера и музичка наобразба.

Слично

Поврзани вести