Груевски, Јанкуловска и Поповски се бранат за мерцедесот од 600 илјади евра, рочиштето продолжува денес
Денес продолжува судењето за предметот на СЈО „Тенк“. Рочиштето ќе се одржи во Кривичниот суд.
За „Тенк“ на денешното рочиште искази треба да дадат осум сведоци.
На претходното рочиште беа сослушани тројца сведоци и почна изведувањето на доказите.
Во случајот „Танк“, за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.
Слично
