Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски, Јанакиески и Трајковски едногласни: Не се чувствуваме виновни

Груевски, Јанакиески и Трајковски едногласни: Не се чувствуваме виновни

Претпладнево во Кривичниот суд дојдоа обвинетите во случајот „ТНТ“ во кое СЈО ги гони екс премиерот Груевски, екс министерот за транспорт Јанакиески и екс градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски.

Од СЈО во воведното излагање кажаа дека овој случај е политичка одмазда против бизнисменот Фијат Цановски кој ја напуштил коалицијата на ВМРО ДПМНЕ.

Тројцата осомничени едногласно кажаа дека не се чувствуваат виновни.

Никола Груевски вели дека не сторил ништо незаконски и не чувствува вина. 

Миле Јанакиески по ниту една точка од обвинението не се чувствува виновен а Тони Трајковски вели дека обвиненијата што им се ставаат на товар, не се точни и тоа досега е докажано во повеќе судски процеси.

За потсетување, по неколку одложувања денеска стартуваше судењето за случајот „ТНТ“.

-Одредени аболицирани политичари од одмазднички причини нанеле огромна штета со уривање на станбено деловен комплекс „Космос“ во сопственост на Фијат Цаноски. Истрагата е против поранешен претседател на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Отворена е истрага за четворица осомничени службеници од општина Гази Баба, рече обвинителката Фатиме Фетаи која го презентираше случајот „ТНТ“.

Слично

Поврзани вести