Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски ја изгуби пратеничката плата, Џафери воздржан за законските измени

Груевски ја изгуби пратеничката плата, Џафери воздржан за законските измени

Пратениците ги изгласаа измените на Законот за плати на пратениците со кои се предвидува пратеник да го изгуби правото на плата ако е осуден на казна затвор подолга од шест месеци. „За“ гласаа 53 пратеници, немаше против, а претседателот на Собранието Талат Џафери беше воздржан.

Измените ги предлагаат шест пратеници, со усвојувањето значи дека на поранешниот премиер Никола Груевски кој е правосилно осуден на две години, му престанува правото да ја зема пратеничката плата. Евентуално, ако сака Груевски може да се обиде уште една година да зема пари од државната каса ако се повика на бенефициите за пратениците, но за да се случи тоа ќе мора да си ја жртвува слободата, односно да се врати овде.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој гласаше воздржано вели дека не е убеден во решението на Законот и затоа бил воздржан. Сепак ќе ги почитува процедурите на Собранието. 

Подносители на предлогот беа Снежана Калеска Ванчева, Горан Мисовски, Мухамед Зеќири, Соња Мираковска, Реџеп Мемеди и Реџаил Исмаили.


Слично

Поврзани вести