Груевски испраќал писма до амбасадори со барање за средба, само двајца му одговориле
Поранешниот премиер Никола Груевски во критичните моменти пред бегството испратил писма до десетина амбасадори во земјата преку кои барал средба, со сигурност тврди Дојче Веле.
Најверојатно осуденикот на двегодишна затворска казна преку тие средби сакал да издејствува одредена помош од дипломатите.
Амбасадорите биле од земји-членки на ЕУ, при што на повеќе од 20 страници објаснувал зошто судскиот процес против него го смета за политички прогон.
Тој во истата преписка барал и средба со амбасадорите на кои им се обратил, но освен со унгарскиот и евентуално со уште еден, не остварил средба со другите, ниту добил одговори на писмото.
Слично
