Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски и посвети статус на Беличанец: Не дозволи да и се случи ниту една афера додека ја водеше Кисела Вода

Груевски и посвети статус на Беличанец: Не дозволи да и се случи ниту една афера додека ја водеше Кисела Вода

Екс премиерот Никола Груевски на социјалните мрежи напиша статус со кој се прости од актерката Билјана Беличанец која во саботата си го одзеде животот во сопствениот дом.

Груевски пишува дека Беличанец била одличен и исклучително одговорен градоначалник на оваа општина која не располага ни приближно со доволно финасии колку што има реални потреби. 

„Не е лесно човек да води таква општина со толку многу проблеми и очекувања од граѓаните а со толку малку финасиски ресурси.

Се бореше за општината како за свој дом. Соработувајки со градот, владата, странските донатори, компаниите, граѓаните и правилно распоредувајќи ги средствата на општината, со голем ангажман и посветеност, заврши многу проекти за општината и остави свој белег и пример како може во една таква општина со многу проблеми а малку сопствени приходи успешно да се менаџира“.


Слично

Поврзани вести