Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски и Јанакиески на обвинителна клупа по изборите

Груевски и Јанакиески на обвинителна клупа по изборите

Поранешниот премиер, Никола Груевски и екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески в понеделник нема да се појават на суд за првото обвиниение на СЈО за насилните протести во општина Центар. 

Рочиштето е одложено за 16 декември, односно пет дена по одржување на изборите. 

Одлагање барал адвокатот на обвинетите, Никола Додевски. Тој го известил судот дека Јанакиески нема да може да присуствува на закажаното рочиште затоа што организирал дводневна работилница, на која учествува. 

Настанот бил закажан пред Додевски да ја добие поканата за закажаната главна расправа, стои во судското соопштение.

Демолирањето на општина Центар, како и и нарачаните шлаканици од Груевски  за градначалникот Андреј Жерновски требаше да биде првиот предмет кој влегува во судска процедура од прислушуваните разговори. Кривичниот суд веќе информираше дека е оформен предмет за едно од двете обвиненија кои ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, а се работи за случајот во кој се осомничени 14 лица.


Слично

Поврзани вести