Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Џафери ќе остане узурпатор на позицијата претседател на Собрание

Груевски: Џафери ќе остане узурпатор на позицијата претседател на Собрание

Никола Груевски денес истакна дека не го признаваат легитимитетот на Талат Џафери како претседател на Собранието затоа што е избран на „насилен“ начин.

– Тој е во моментов, а веројатно така ќе остане и понатаму узурпатор на позицијата претседател на Собранието. Тој за нас може да биде само пратеник, тука е избран легитимно од граѓаните и ние тоа не го оспоруваме. Но, претседател на Собрание не може да биде наречен затоа што е избран на целосно незаконски, неуставен и неделовнички начин, изјави Груевски по увидот на градежните активности на Градскиот стадион Филип Втори во Скопје.

Груевски не прецизираше дали ВМРО-ДПМНЕ со нејзината пратеничка група ќе учествува во координациите со Талат Џафери за клучните прашања кои мора да се решат во Собранието на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести