Груевски дојде во филхармонија, ама не кажа дали ќе се повлече
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дојде на отварањето на филхармонијата, но на новинарите не им одговори дали ќе се повлечете од лидерската позиција во партијата.
Тој само кусо одговори дека купил билети за да влезе на настанот.
„Ве молам да ме оставите да ја следиме претставата“ - вели Груевски.
Груевски претходно изјави дека нема намера да се повлече од јавните настапи на кои се однесува како да е премиер на државата, затоа што проектите на чии отварања тој секојдневно присуствува вели се заслуга на ВМРО-ДПМНЕ.
По настаните од 27 април, кога имаше упад во Собранието и тепање на пратеници, Груевски беше прозван од повеќе политички субјекти да си поднесе оставка.
Слично
