Груевски дојде на факултет за да го брани докторатот
Поранешниот премиер Никола Груевски денеска во придружба на својата мајка Нада се појави во Економскиот факултет во Скопје за да ја брани својата најавена докторска дисертација.
Станува збор за темата „Економските ефекти на различните видови меѓународни текови на капитал, со посебен осврт на Република Македонија“ за која на 2 март беше формирана комисија од наставно научниот совет на економскиот факултет.
Освен присутни членови од неговото потесно семејство, меѓу кои и неговата мајка Нада, присутни се новинари, професори од комисијата и неговиот ментор Михаил Петковски. Неговата сопруга Боркица не била присутна.
Слично
