Груевски денес нема да дознае дали ќе оди в затвор
Екс премиерот и поранешен лидер на опозицијата денеска нема да ја слушне одлуката на Апелација по неговата жалба за пресудата во случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.
Само што почна, јавната седница веднаш се одложи а причината за одложувањето е неприсуството на осудениот Груевски и неговите четворица адвокати, кои според претседателката на кривичниот совет Цветанка Перишиќ, уредно го известиле судот дека денеска ќе приствуваат на рочиштето во Кривичниот суд Скопје за предметот на СЈО „Насилство во центар“, во кое Груевски, исто така, е обвинет.
ВоАпелацискиот суд во Скопје денеска почна и веднаш се одложи јавната седница, на која треба да се одлучи по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.
Седницата е презакажана за утре.
Во случајот „Тенк“, поранешниот премиер е осуден на две години затвор како поттикнувач за извршување на делото, додека поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, е осуден на шест години и шест месеци затвор.
