Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски демантира дека е вмешан во настаните од 27 април

Груевски демантира дека е вмешан во настаните од 27 април

Eкс премиерот Никола Груевски кој доби политички азил во Унгарија, на Фејсбук тврди дека не е вмешан во настаните од 27 април 2017 година во Собранието, кога толпа направи упад и тепаше пратеници. 

Вели дека премиерот Зоран Заев дал лажна изјава на суд. 

„Тој денес уште еднаш јавно покажа дека е промотор на овој длабок и интензивен политички прогон врз мене каков што одамна не се случил во македонската историја.

Токму тој, понекогаш во соработка со други негови соработници, лично го осмислува и го нарачува прогонот против мене, често и кон мои блиски соработници со цел да ги притисне и уцени да бидат сведоци во неговиот нечовечки нагон да ми направи најголеми можни штети, понижувања, апсења, судења, пресуди, затвори и секаков друг вид малтретирања. Има повеќе причини за тоа, а едно од тие сигурно е што јас сум антипод на неговите политики на промена на уставното име, идентитет и историја на македонскиот народ, но и антипод на неговите безидејни економски политики и редица други политики и резултати. Добро е што јавноста знае колку тежи зборот и колку е искрен со јавноста и со сите околу него, бидејќи постојано и безмалку континуирано јавноста, граѓаните се сведок на неговите лаги и лажни ветувања“, пишува Груевски. 


Миле Јанaкиески, Спиро Ристовски Трајко Вељановски и другите кои се тука се изманипулирани од главниот организатор за настаните од 27 април, рече денеска во Кривичниот суд премиерот Зоран Заев. Тој беше повикан како сведок на рочиштето и ги сподели неговите сознанија за настаните во Собранието тој ден. Заев вели дека е жртва во тој настан.

Слично

Поврзани вести