Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски демантира дека бил претепан на улица во Будимпешта

Груевски демантира дека бил претепан на улица во Будимпешта

Екс премиерот Никола Груевски кој доби азил во Унгарија, демантира дека бил претепан на улица во Будимпешта. 

Тој на Фејсбук пишува дека неговите пријатели вознемирени го контактирале. 

„Веста е лага, но вознемири многу мои пријатели кои почнаа да ми се јавуваат за да ја дознаат состојбата, па затоа се решив на ваков начин да демантирам. Инаку потесниот круг на мои пријатели знаат за каков обид за спин се работи. Имено во изминатиот период при обавување на спортски активности се стекнав со спортска повреда по која која ми беше укажана лекарска интервенција и сега сум во фаза на рехабилитација, која одлично се одвива. Оттука некој кој дознал за ова, понесен од потребата за дефокус на јавноста во овие моменти кога власта нижи катастрофи секој ден, помислил дека може од спортска повреда да направи спин дека сум бил физички нападнат. Впрочем вакви информации лесно се проверуваат во полиција во секоја земја па и во Унгарија“, пишува тој. 


Вели дека ако навистина намерата била да се дознае вистинита за тоа дали имало физички напад со повреди многу лесно можело да се направи проверка.

Слично

Поврзани вести