Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски да си поднесе оставка - бараат ветераните од ВМРО-ДПМНЕ

Груевски да си поднесе оставка - бараат ветераните од ВМРО-ДПМНЕ

Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ денеска побараа лидерот на партијата, Никола Груевски, да си даде оставка и да се формира тело што ќе спроведе вонреден конгрес за избор на нов лидер, со нови раководни органи. 

Илија Димовски – Шаторот, првиот градоначалник на Прилеп и еден од најстарите членови на партијата вели дека ветераните донеле пет заклучоци, кои ќе бидат доставени до раководството на партијата. Меѓу тие заклучоци, како што рече тој, е и дека одлуките на ова раковство не се валидни затоа што против повеќето од нив се водат судски постапки. Ветераните рекоа дека се понижени од Никола Груевски, кој не сакал да слуша критики за неговите грешки. 

„Против голем дел од членовите на сегашното раководство се водат повеќе истражни и судски постапки и затоа сметаме дека ова раководство не е во состојба да носи одлуки што се од интерес на партијата и државата. Тие за нас нема да претствауваат валидни акти“- изјави Димовски.

Tие сметаат дека партијата е во многу лоша состојба, а сегашното раководство нема капацитет да придонесе за надминување на оваа состојба. Ветераните рекоа дека нема да дозволат разнебитување на партијата. 

Ветераните бараат и поголемо учество и вклучување во органиите на партијата, преку формирање на Унија на ветерани.

Слично

Поврзани вести