Груевски: Бугарски воз, закани притисоци и уцени
Никола Груевски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ излезе на прес конференција по вториот круг на гласање за локалните избори со тешки обвинувања за бројни изборни нерегуларности вршени од страна на активисти на СДСМ како и на полицијата која била присутна на повеќе гласачки места.
Груевски обвини дека на многу гласачки места била вршена изборна измама со популарно наречен Бугарски воз односно со вметнување на серија на ливчиња кои се однапред пополнети. Груевски рече дека гласачки ливчиња од една општина се пренесувани во други.
Исто така лидерот на опозицијата посочи дека специјалните единици на МВР под целосно вооружување биле присутни пред гласачки места и влевале страв како кај опозициските активисти и кандидати така и врз гласачите.
Груевски говореше за повеќе инциденти како физички пресметки и закани, а тврди дека имало отворен поткуп на гласачи, како со пари, така и со прехранбени производи.
Опозицискиот лидер ги посочи овие избори за едни од најрегуларните досега, упати критики кон медиумите дека биле замолчени, а исто така смета дека државните институции биле целосно под контрола на СДСМ.
