Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски брза со избори, Берлин бара мандатот да и се даде на СДСМ

Груевски брза со избори, Берлин бара мандатот да и се даде на СДСМ

На денешната средба која што ја имаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и членовите на Извршниот комитет Никола Попоски, Никола Тодоров и секретарот за меѓународна соработка Александар Николоски со Кристине Алтхаузер амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Германската амбасадорка  изразила изненадување зошто се бараат брзи избори. 

Она што е потребно е да се даде мандатот на втората по големина партија во Македонија, на што Груевски запраша дали тоа е нејзина сугестија, по што германската амбасадорка се изјасни дека тоа е онака како што во моментот се гледа во Берлин.

Груевски на средбата истакнал дека со разговорите за коалицирање со ДУИ им се потврдил сомнежот кој го имале дека таква една Влада со таков распоред на сили во парламентот тешко ќе функционира и сега се поубедени во тоа. Изразил жалење што некои партии имаат страв од избори, но ВМРО-ДПМНЕ нема таков страв од соочување со граѓаните и дека има многу примери во светот од такви брзи избори.

Груевски истакнал дека ако е така напишано во Уставот, тогаш не би имале против друг да го добие мандатот.

Слично

Поврзани вести