Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Браво за играчите, за спонзорот, за стручниот тим и за сите вработени во клубот!

Груевски: Браво за играчите, за спонзорот, за стручниот тим и за сите вработени во клубот!

И екс премиерот Никола Груевски кој е во Будимпешта каде доби политички азил, му честиташе на Вардар. 

Тој се огласи на Фејсбук. 

„Браво за играчите, за спонзорот, за стручниот тим и за сите вработени во клубот!
Честитки за огнената публика која ги бодреше! Одамна македонскиот народ немал можност за колективна радост и прослава. Непријатни мигови за оние кои посакуваат распад на клубот, а сега мораат да честитаат. Вардар уште еднаш покажа како со многу работа, труд, посветеност, самодоверба, професионален и одговорен пристап, но и со „жар и срце“ може да се успее и да се биде најдобар! Нека продолжат успесите!- напиша Груевски по победата на македонскиот ракометен гигант Вардар.

Претходно честитаа премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 


Слично

Поврзани вести