Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Благодарност до сите што помогнаа да имаме победнички резултат

Груевски: Благодарност до сите што помогнаа да имаме победнички резултат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва на прес-конференција изјави дека Македонија имала фер и демократски избори. 

Вели дека се победници на овие избори. Според  него, денеска победиле не само тие како партија, туку и Македонија. 

„Ги поддржаа нашите планови, програма, визија за да продолжиме да работиме. Ќе продолжиме да работиме и да не ги разочараме. Благодарност до сите што помогнаа да имаме победнички резултат. И во 4 изборна единица имаме победа. Кризата да се заврши со овие избори и државата да оди напред“ - изјави Груевски. 

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш била на страната на народот и државните интереси. 

Груевски рече дека оваа победа има важност и тежина затоа што противници им биле не само СДСМ. 

Наведе дека СДСМ добила поддршка од албанските гласачи. 


Слично

Поврзани вести