Груевски барал да му испратат пензиониран судија од поразвиените земји
Maкедонскиот екс премиер Никола Груевски, кој избега од државата во Унгарија, во интервју за италијанската национална телевизија РАИ изјави дека пред да избега писмено побарал помош од челниците од ЕУ.
Се обратил и до други европски функционери да испратат пензиониран судија кој ќе ги прочита документите според кои го обвинуваат во делото за набавка на мерцедес за кое е и осуден.
Тој испратил писмо до еврокомесарот Јоханес Хан, до високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини, до германската канцеларка Ангела Меркел, но, како што вели, не добил одговор на неговото барање.
„Случајот за кој бев осуден е фабрикуван и фалсификуван. Втората причина е дека во затворот ќе бев во опасност“ – вели тој.
Груевски вели дека избегал затоа што бил под политички погон.
