Економија, финансии, бизнис

Контакт

Груевски: Апсолутно јас еден ден ќе се вратам во Македонија

Груевски: Апсолутно јас еден ден ќе се вратам во Македонија

Поранешниот премиер, Никола Груевски во вестите на Сител од Будимпешта кажа дека сакал да оди во затвор, но добил информација дека се планира негова ликвидација во затворот подоцна, и затоа решил да избега во Унгарија. 

Тврди дека не разговарал со унгарскиот премиер, Виктор Орбан. 

„Апсолутно јас еден ден ќе се вратам, јас не сум дојден да живеам тука“, рече Груевски. 

Екс премиерот тврди дека е неправедно осуден. Груевски не е разочаран од критиките на блиските соработници, вели дека тие се под тежок притисок. Тој не се лути на реакцијата на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. 

За себе рече дека не вршел притисок на пратеници да се гласа за отворање на Уставот. 

Тврди дека не организирал насилства во Собранието. 

Слично

Поврзани вести